Македонија
27. March 2019 - 19:08

Власта обезбеди мнозинство за дел од вратените закони

Народните избраници го почнаа прегласувањето на 20-тина закони кои шефот на државата Ѓорге Иванов изминатиов месец ги врати во парламентот.  Иванов не ги потпишува указите на законските решенија донесени по уставните измени бидејки на нив стои новото име на државата кое тој одбива да го применува.

Првата седница за прегласување почна со задоцнување од неколку часа за власта да обезбеди најмалку 61 пратениик, мнозинство кое е потребно за законите да бидат донесени во трето читање

Пратениците донесоа 6 од 20-тина закони кои се вратени во парламентот. Извесно е дека и по прегласувањето Иванов нема да ги потпише нивните укази.

Претседателот користи џебно вето за три закони кои се донесени со дво третинско мнозинство и за кои не е потребно прегласување.

Собранскиот спикер Талат Џафери веќе најавува дека за вратените закони веројатно ќе се примени праксата со објавување во Службен весник само со неговиот параф.

Пратениците денесека донесоа и зкаонски измени со кои Секретаријатот за европски прашања го издигнбаа на ниво на ново министерство за полиитчки систем и односи меѓу заедниците.

А почнаа ибрзи измени на Изборниот законик од техничка природа во пресрет на претседателските избори.