Власта и опозицијата согласни за намалување на бројот на пратеници во Собранието

Власта и опозицијата се согласни за старт на дебата за намалување на бројот на пратеници во македонскиот законодавен дом. Соочен со резултатите од последната анкета на Детектор во која граѓаните јасно порачуваат дека очекуваат намалување на бројот на пратеници, потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири за Детектор вели дека 100 пратеници се сосема доволно.
„Ние сме за тоа и ако ме прашувате лично, ова не сме го разговарале, не ни станало тема во раководството да ја отвориме сега во однос за намалување на бројот, доволно би било според мене 100 пратеници да биде составот на Собранието“, вели за Детектор Мухамед Зекири, потпретседател на СДСМ
И во опозициската ВМРО-ДПМНЕ постои расположение да се отвори дебата за намалување на бројот на пратеници.
„Дебатата околу намалување на бројот на пратеници за нас е прифатлива. Фактот дека за да се намали тој број, многу долга процедура е бидејќи со закон не може да се намали, мора Уставот да се смени.
Пак ќе речам многу е лесно политичка дебата да водите со пароли, но треба да ги знаеме и овие сегменти и компаративни и формално правни. Ние сме отворени за таа дебата“ – вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.
Македонскиот законодавен дом во моментов брои 120 пратеници. Согласно Уставот, бројот на пратеници во македонското Собрание може да се движи од 120 до 140.
Ново на Сител
-

МОН финансира по 600 илјади денари за 14 македонско-австриски научни проекти
-

Муцунски: Постои желба во Брисел за стимулирање на дијалог меѓу Македонија и Бугарија
-

Определен 30-дневен притвор за Стефан Богоев и уште три осомничени лица
-

Македонско-грчки бизнис ИКТ форум во Скопје
-

Виртуелниот простор станува нова сцена за врсничко насилство
-

Побаран притвор за Стефан Богоев за поткуп од 1800 евра
-

Македонија меѓу петте најбрзорастечки економии во Европа
-

Тема на денот со министерката за финансии Кочоска
