Македонија
19. јуни 2018 - 19:10

Власта брза со ратификацијата на договорот со Грција

Ратификацијата на Догворот меѓу Македонија и Грција за конечно решение во спорот со името утре е на пленарна седница. Во експресна процедура од еден ден владејчкото мнозинство успеа да ја донесе потребата за носење на законот за ратификација и да ја помине расправата во собраниското матично тело – комисијата за европски прашања, веднаш потоа и во законодвано правната комисија.

Во тензична атмосфера со довикување, 69 пратеници од власата ја утврдија потреба од носење на ваков закон, додека пратеникот од пратеничката група на СДСМ; Ферид Мухиќ и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ беа против. Законот за ратификација се носи по скратена постпака и со европски предзнак. Тоа ја олесни работата на власта, процедурата за негово донесување да трае кратко, без дебата.

Опозициската партија ја напушти работата на Собранието по оваа точка на дневен ред обвинувајки дека договорот е противуставен, штетен за национите интереси и се носи во неделовничка процедура.  Партиските органи допрва ќе одлучуваат дали пратениците на ВМРО -ДПМНЕ целосно ќе ја бојкотираат работата на Собранието

Владејачкотото мнозинство брза, за како што рече министерот за надворешни работи Димитров, да има време грчката страна да испрати известување до крајот на јуни до Европскиот совет дека повеќе нема забелешки Македонија да добие датум за почеток на преговорите со Унијата. Тој во Комисијата за европски прашања побара и нацинално обединување за Договорот.

Пратеничките групи на опозцијата и власта и понатаму стојат на своите ставови околу Договорот.

По ратификацијата во Собранието, законот ќе се сели во кабиентот на Иванов. Тој веќе најави дека нема да го потпише указот со што се отвара можноста за ново џебно вето како законот за употреба на јазици.

Во меѓувреме, ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Талат Џафери токму за овој закон поради тоа што и тој беше носен со предзнак со европско знаменце и надвор од процедурата.