Владо Камбовски: Македонија е во најдлабока општествена криза од нејзиното осaмoстојување досега
Македонија е во најдлабока општествена криза од нејзиното осомастојување досега, а причина за тоа е отсуството на дијалог и политичкиот конфликт.
Претседателт на МАНУ Владо Камбовски предупреди дека на оваа состојба академијата укажувала уште минатата година, игнорацијата на другиот и неподготвеноста за дијалог неминовно води кон продлабочување на кризата.
Според Камбовски Македонија живее во сегментирано општество во кое се е поделено, потребно е единство и обединување на ставовите.
- До новото време не ќе дојдеме ако еднаш дефинитивно не се пресматаме со минатото, од кое да еманира една нова иднина. Само вз таков пресврт може да се достигне до почитување на човековото достоинство како највисоа вредност. Моралниот заеднички живот однапред е осуден на пропаст ако во него недостасѕва договарање и саморазбирање, изјави Камбовски.
Кризата може да се надмине единствено преку корените промени на целото општество а не со половични мерки, смена на власта без промени на системот на владеење, носење на закони и реформи со кои во суштина се останува по старо, вели Камбовски. Академијата е настрана сите процеси затоа што сметаат дека разрешувањето на кризата е во рацете на народот.
-Бесмислено е од академијата да с ебара да арбитрира, да презема улога што ја имаат другите субјети во политичккиот живот, да стане судија кој ќе пресудува во матни криминални случаи. Сето тоа го избега не затоа што смета дека е најдобро да се молчи кога куќата гори, туку дека смета дека од силата на народот во целина ќе зависи долгорочно разрешување на кризата, смета академик Камбовски.
МАНУ утре одбележува 48 години од своето постоење и е највисока научно-уметничка институција од посебен интерес за Македонија.
-
Весна Ќуксановиќ
Сите содржини од овој новинар