Македонија
24. August 2016 - 19:09

Владини сили во кругот на Американскиот универзитет: Во нападот има мртви и повредени - прво се слушнала експлозија, а потоа и пукање!

Неколкумина вооружени напаѓачи денеска го нападнале Американскиот универзитет во главниот град на Авганистан, Кабул, потврдуваат официјални лица.

Сведоци тврдат дека се слушнало пукање, поради што поединци, меѓу кои студенти и професори, останале заробени во зградата.

Според информациите, стотици луѓе, вклучувајќи и странски функционери, се заробени во зградата.

Ангажирани се силни владини сили кои дошле во кругот на универзитетот.

Авганистанската телевизија 1TV јави дека има повеќе мртви и повредени во кругот на кампусот.

Нападот започнал во 19 часот по локално време. Прво се слушнала силна детонација, а потоа и пукање. Во тие моменти во зградата се одржувале часови.