Владината коалиција во Берлин бара одговор на заканата од тероризам
Германската Влада денеска се очекува да одобри иницијален план за одговор на потенцијални терористички напади, како оној од 19 декември кога во Берлин во напад со камион загинаа 12 луѓе.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, планот, според германската канцеларка АНгела Меркел, мора да задоволи две клучни компоненти - да се зголеми безбедноста и отпорноста на терористички напади и да не ги загрозува човековите права и слободи.
Предлозите поврзани со планот во прв ред се очекуваат од министрите за внатрешни работи и за правда, Томас Де Мезиер и Хајко Мас, кои што се претставници на двете најголеми германски партии Христијанско демократската унија (ЦДУ) и Социјалдемократската партија на Германија (СПД), кои се членки на „големата коалиција“.
Новиот план за безбедност, според најавата на министерот за правда, може да содржи мерки како електронски лисици за следење на потенцијални опасни лица и притвор за одбиени баратели на азил, чии матичните земји одбиваат да ги примат, кои можат да бидат доживеани како напад врз основните човекови слободи и права.
За потребите на новиот план за заштита од тероризам Владата во Берлин и Бундестагот ќе мора да ги менуваар постоечките закони, според кои, лица кои не се осудени или обвинети за криминал не можат да бидат држени во протвор без судење, што е еден од предлозите на маса.
Ново на Сител
-
Национален совет за развој
-
Контроли на Клиниките
-
Земјотрес со јачина од 3.4 степени почувствуван во Скопје
-
Преглед на вести од светот
-
Прва средба Муцунски-Герапетритис во Њујорк
-
Претседателката на Албанското собрание во Скопје – средба со Гаши, Ахмети и Филипче
-
Зголемена потребата од негуватели во Охрид
-
Во Штипската клиничка болница ќе се отвори Ургентен центар за тријажа на пациентите од источниот регион