Владина делегација присуствуваше на Велигденска литургија во Соборниот храм во Скопје
Владината делегација во чиј состав беа заменик-претседателот на Владата и министер за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за финансии Драган Тевдовски и заменик-министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски, како и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, денеска присуствуваше на свечената литургија по повод најголемиот православен празник Христово Воскресение – Велигден, во Соборниот храм Св. „Климент Охридски“ во Скопје.
Со свечената Велигденска литургија, во сослужение со членови на Архијерејскиот Синод и со свештенството на соборниот храм, чиноначалствуваше архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. Тој пред верниците меѓу другото порача „како што простувал Исус, така и ние граѓаните треба да знаеме да се покаеме и да му простиме на оној што ни згрешил. Човечки е да се греши, но човекот е уште поголем ако знае да простува“.
Членовите на владината делегација на крајот од велигденската служба, информираат од владината прес-служба, му го честитаа празникот на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, како и на присутните свештеници и верници со традиционалниот Велигденски поздрав „Христос воскресна – навистина воскресна“.
Во исто време, по повод големиот христијански празник Велигден, претседателот на Владата, Зоран Заев упати честитка до Синодот и до свештенството на МПЦ-ОА.
Во честитката до поглаварот на Македонската православна црква, г.г. Стефан, премиерот Заев, меѓу другото напиша „во време на големи предизвици и искушенија, најголемиот христијански празник не потсетува да ја славиме победата на животот над смртта, победата на љубовта и на иднината над омразата и нетолеранцијата“.
– Радоста на празникот со победата на животот над смртта не повикува да ги обновиме духовните сили и да ја зајакнеме нашата посветеност кон највисоките животни вредности како што се заедништвото, меѓусебното разбирање и почитување, љубовта и слогата со сите наши блиски, соседи, знајни и незнајни, и пријатели, во заедница еднаква за сите, порача премиерот Заев во писмото со честитки до православните верници по повод Велигденските празници.
Премиерот Заев писмо со честитки упати и до Црковното претставништво и верниците на Евангелско-методистичката црква во земјата.
– На сите Вас, верниците на Евангелско-методистичката црква, Ви посакувам овој голем христијански празник да го поминете со Вашите најблиски во здравје и благосостојба. Христос Воскресна – Навистина Воскресна“, вели премиерот Заев во писмото со честитки.
Ново на Сител
-
Настава на далечина следат 30 основци кои се на подолго болничко или на домашно лекување
-
Кривична за злоупотреба на службената положба и овластување, го оштетил буџетот на МВР за 116.748 денари
-
Приведен 27-годишен тетовец, им се заканувал со пиштол и нож на полициски службеници
-
Кривична против 51-годишник од Скопје, со огнено оружје пукал кон едно лице и му нанел тешки телесни повреди
-
Приведени возачи во Куманово, управувале возила под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволената
-
Пронајдени телата на тројцата хрватски планинари загинати во лавина во Словенија
-
За еден месец 161 санкција за непрописно затемнување на стаклата на возилата
-
Приватните автобуси во 10 утрово ги паркираа автобусите