Владина делегација предводена од премиерот Заев на Конференција за Западен Балкан во Берлин
Премиерот Зоран Заев по покана добиена од канцеларката на Сојузна Република Германија, Ангела Меркел и претседателот на Република Франција, Емануел Макрон ќе учествува на Конференцијата на шефови на држави и влади од ЕУ и од земјите на Западен Балкан, што попладне ќе се одржи во Берлин. На конференцијата ќе присуствуваат и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров.
Целта на состанокот, информираат од владината прес-служба, е да се обезбеди дискусија за политичката ситуација во регионот на Западен Балкан. Фокусот на разговорите ќе биде ставен на можностите за унапредување на регионалната соработка и решавање на отворените прашања, како на пример нормализација на дијалогот меѓу Србија и Косово.
-Во светло на поставените теми за дискусија, успешните договори со Бугарија и Грција, и пристапот на надминување на проблемите и пријателството што го гради Северна Македонија, претставуваат модел што другите можат да го следат. Заеднички интерес на сите држави и народи е да има мир и стабилност во регионот, подобрување на регионалната соработка, унапредување на економската соработка, посветеност на демократските реформи и забрзување на процесот на ЕУ интеграции, порачуваат од Владата.
На маргините на посетата, додаваат, премиерот Заев и делегацијата ќе имаат можност за билатерални средби со другите шефови на држави и влади.
Ново на Сител
-
Околу 9.000 вработени во „Мајкрософт“ ќе добијат отказ
-
Со сателетски снимки ги лоциравме дивите депонии во државата | Мартина и Mирко | Sitel Podcast 101
-
Пожарот во Валандовско не е ставен под контрола, се шири во два крака
-
Нетанјаху повика на целосно елиминирање на Хамас, организацијата разгледува предлог за примирје
-
Киев тврди дека руската армија егзекутирала 268 украински воени заробеници
-
Шумски пожар на вториот крак на Халкидики
-
Расправата за ребалансот продолжува утре
-
Кривична за проневера во службата и фалсификување или уништување деловни книги