Владина делегација положи цвеќе по повод 108-годишнината од раѓањето на Св.Мајка Тереза
Во рамки на традиционалната манифестација „Денови на Св.Мајка Тереза”, што се одржува од денеска до петти септември, владина делегација, по повод одбележувањето на 108 години од раѓањето на Мајка Тереза, положи цвеќе на Спомен плочата на местото на нејзината родна куќа, како и на споменикот и нејзиното светилиште во Феудалната кула во Скопје.
Владината делегација, во состав заменик - министерот за локална самоуправа Дејан Павлески, националниот координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка Роберт Алаѓозовски, и Христијан Ѓоргиевски, советникот на премиерот, присуствуваше и на свеченото доделување на државната награда „Мајка Тереза”, кое се одржа во Собранието на Република Македонија.
Наградата се доделува за особено значајни остварувања во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.
Светицата Мајка Тереза, родена како Гонџа Бојаџиу во Скопје, во 1910 година, е симбол на милосрдието, хуманоста и солидарноста, и нејзината посветеност да им помага на луѓето без разлика на нивната национална, етничка или религиска припадност останува вечна порака за меѓусебно помагање и обединување на сите граѓани.
Таа, како дел од редот „Мисионерки на љубовта кон ближниот”, кој го основала во 1949 се грижела за деца без родители и болни лица, и денеска овој ред, кој ја продолжува нејзината мисија, брои над 5.000 членови во повеќе од 100 земји.
Во текот на својот живот, Мајка Тереза, за својата хуманитарна работа, има добиено повеќе од 700 награди и е единствената Нобеловка од нашата земја, која ја прими наградата за мир во 1979 година во норвешката метропола, Осло.
Мајка Тереза беше прогласена за светица од Папата Франциск во 2016 година.
Ново на Сител
-
Изгоре куќата на Александар Пандов – директорот на управата за извршување санкции смета дека е подметнат
-
Протест во Скопје на родителите на загинатите во дискотека во Кочани
-
Кочани повод за нова интерпелација за Тошковски за 100 дена
-
Тема на денот со Гордан Георгиев, Форум за разумни политики
-
Во странство остануваат 28 повредени во трагедијата во Кочани - Турција ќе прими до 15 за долготрајна рехабилитација
-
На Македонија и се заканува епидемија од морбили - опфатот лани помал од 2023
-
Ако цените од четврток скокнат - ќе има нови мерки!
-
Државна ревизија открива слабости во договорените јавно-приватни партнерства