Владина делегација на Самитот на НАТО во Вашингтон - јакнење на билатералните односи со САД и афирмирање на земјава како стабилен партнер

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, заедно со делегација од Владата во чиј состав се министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски како и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја започнува официјалната посета на САД, каде што ќе учествува на Самитот на НАТО и ќе оствари бројни билатерални средби со високи американски и меѓународни лидери.
Посетата на Мицкоски, како што информираат од владината прес-служба, има за цел да ги зајакне билатералните односи со САД, да ја афирмира Македонија како стабилен партнер и да ги промовира економските можности на нашата земја пред американските инвеститори.
Мицкоски, како што е најавено, ќе одржи говор на реномираниот Johns Hopkins University- School of Advanced International Studies, по што ќе следуваат средби со претставници од бизнис заедницата во САД. Премиерот ќе има и средби со високи претставници на IRI, конгресмени и сенатори, односно Брендон Бојл и сенаторката Џин Шахин - копретседавачи на Македонската група за пријателство во Конгресот на САД. Во вечерните часови, пак, тој ќе учествува на свечениот настан по повод 75-годишнината на НАТО, што ќе се одржи во Andrew W. Mellon Auditorium.
Македонската делегација исто така ќе учествува и на отворањето на НАТО форумот и ќе присуствува на состаноците на Северно - атлантскиот совет, каде што Мицкоски ќе има прилика за средби со други лидери и изјави за медиуми.
Мицкоски ќе присуствува и на вечерата во Белата куќа организирана за лидерите, а министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за одбрана Владо Мисајловски ќе присуствуваат на специјални вечери организирани од државниот секретар Етони Блинкен и секретарот за одбрана Лојд Остин.
Самитот на НАТО се одржува од 9 до 11 јули во Вашингтон, САД.
Ново на Сител
-

Сончево и топло со температура до 39 Целзиусови степени
-

ЦУК: Локализиран пожарот кај Лешница
-

МВР: Камерите на „Безбеден град“ во функција во дел од општина Дебрца, наскоро и во Охрид
-

Активни пожари на грчките острови Крит, Андрос, Парос и Калимнос – евакуирани неколку населени места
-

Нетанјаху: Трамп ќе одлучи за иднината на судирот со Иран
-

Високите температури и ветерот ја отежнуваат борбата со пожарите во Турција
-

Собранието по неколку паузи ја заврши седницата за пратенички прашања со едно поставено прашање
-

Запленети над 43 килограми марихуана, приведени 241 лице по еден месец од формирањето на Task force
