Владиката Тимотеј денеска ќе биде погребан на Плаошник во Охрид
Денеска ќе биде погребан митрополитот Дебарско-кичевски, господин Тимотеј, кој почина неодамна поради здравствени проблеми. Погребот ќе се одржи на Плаошник во Охрид, на пладне, во јужната апсида на храмот „Свети Пантелејмон“.
Церемонијата ќе започне во 9 часот со света литургија во црквата „Света Софија“, која ќе ја предводи Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, со сослужение на епархиските архијереи на Македонската православна црква и претставници од други православни цркви.
По повод упокојувањето на владиката Тимотеј, Општина Охрид го прогласи денешниот ден за Ден на жалост и се откажани сите културно-забавни настани на територијата на општината. Митрополит Тимотеј раководеше со Дебарско-кичевската епархија од 1981 година и беше активен во многу други одговорни функции во Македонската православна црква, вклучувајќи ја и функцијата секретар на Синодот и портпарол на МПЦ.
Ново на Сител
-
Бошков: Доцнењето со оперативниот план втурна 10.000 лица да работат на црно
-
Преглед на вестите од светот
-
ГП Богородица: Колони за излез од Македонија
-
Мисајловски НАТО - Брисел
-
Наумоски - поголема заштита на рибниот фонд
-
Преглед на вестите од светот
-
Рекорден пад на невработеноста, но расте и бројот на вработени на црно
-
Тема на денот со Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз