Владика Јосиф: Големо сочувство заради загубата на човечките животи
Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф упати порака за сочувство до семејствата на загинатите во пожарот во модуларната болница и ги повика верниците да се молат за починатите, повредeните и погодените од трагичниот настан.
-По повод трагичниот пожар во модуларниот ковид центар во болницата во Тетово, кој се случи во вечерните часови на 8 септември, Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф изразува големо сочувство заради загубата на човечките животи, кои настрадаа во пожарот, а на нивните семејства, роднини и пријатели им изразува сочувство, ветувајќи им ги своите молитви. На повредените им посакува поскоро закрепнување. По овој трагичен настан митрополитот г.Јосиф ги повика верниците да се молат за починатите, повредените и сите оние кои се погодени од овој трагичен настан, се вели во дописот од тетовското-гостиварската епархија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петре Шилегов, адвокат
-

140-тина повредени во “Пулс” добиваат континуирана медицинска поддршка
-

Во спомен на загинатите во Кочани
-

Утре ќе се објават новите цени на горивата, се стравува од подгревање на инфлацијата
-

Војната на Блискиот Исток не се смирува
-

СДСМ обвинува за енергетска мрежа поврзана со Мицкоски и регионални компании
-

Трипуновски најави нова кампања - ќе одат директно кај земјоделците
-

Жените се повеќе се охрабруваат да го пријават насилството
