Владејачките социјалдемократи победија на изборите во Шведска

Шведската вкладејачка Социјалдемократска работничка партија победи на вчерашните парлементарни избори во Шведска, но заедно со нејзините коалициски партнери - социјалистичката Лева партија и еколошката Зелена партија, не успеа да обезбеди мнозинство во новиот Парламент.
Според се уште неофицијалните изборни резултати, социјалдемократите освоија 28,4 отсто од гласовите и 101 место во 349-члениот шведски Риксдаг, пред конзервативната Умерена партија со 19,8 проценти и освоени 70 мандати.
Најголем успех во однос на претходните избори оствари десно популистичката партија Шведски демократи со 17,6 отсто од гласовите и 62 пратеници, со што во услови кога ниту еден блок не обезбеди мнозинство во Парламнтот, може да игра клучна улога во формирањето на идната Влада.
Места во Парламентот обезбедија уште и Партијата на центарот, која ќе има 31 пратеник, Левата партија со 28 мандати, Христијанските демократи со 23, партијата Либерали со 19 и Зелената партија со 15 пратеници.
На овој начин коалицијата на социјалдемократите озвои 144 пратеници, а блокот на конзервативците, центристите, демохристијаните и либералите 143 мандати. За мнозинство во Парламентот се потребни најмалку 175 пратеници.
По објавувањето на првичните избори резултатите, првиот човек на Умерената партија, Улф Кристершон го повика премиерот и лидер на социјалдемократите Стефан Ловен да поднесе оставка.
- Неговата Влада беше до тука. Сега тој треба да поднесе оставка, порача Кристершон.
Ловен од своја страна изјави дека ќе остане на премиерската функција и во следните неколку недели и повика на соработка меѓу политичките партии.
- Имаме две недели до конститутивната седноца на новиот Парламент. Ќе продолжам да работам како премиер со почитување кон избирачите и шведскиот изборен систем, изтакна Ловен во обраќање пред неговите поддржувачи.
Ново на Сител
-

75-годишна жена и нејзиниот малолетен внук физички нападнати од нејзината ќерка
-

Николоски: Имаме решение за патот за Теферич, Владата ќе го води проектот
-

Внимавајте на грчките плажи: 250 евра казна ако немате спасувачки елек на SUP даска
-

Николоски: Проблемот на професионалните возачи го решаваме самостојно, веќе се издаваат долгорочни работни визи
-

Новиот закон овозможува државни и приватни дата центри, вели Николоски
-

За викендот сончево и многу топло, од вторник грмежи и засилен ветер
-

Иран предупреди на масовен одговор по заканите на Трамп за напади врз критичната инфраструктура
-

На Деве Баир спречен обид за криумчарење на две илјади парчиња медицински препарати | ФОТО
