Свет
24. August 2017 - 18:38

Владејачката партија во Ангола прогласи победа на парламентарните избори

Владејачката партија Народно движење за ослободување на Ангола (МПЛА), објави дека победила на изборите и обезбедила со мнозинство во парламентот.

Досега се преброени гласачките ливчиња поднесени од пет милиони гласачи со вкупно 9,3 милиони избирачи.

Гласачите вчера избираа 220 членови на националното собрание. Партијата што ќе победи на ова гласање ќе го избере наследник на претседателот Хозе Едуардо душ Сантос. Се очекува дека тоа ќе биде сегашниот министер за одбрана Жоао Лоуренсу.