Владејачката коалиција победи на парламентарните избори на Норвешка
Норвешката премиерка Ерна Сулберг и нејзината десноцентристичка коалција доцна синоќа прогласија победа на парламентарните избори во Норвешка.
Според прелиминарните резултати, владејачката коалиција составена од конзервативната партија Десница (Хојре), Прогресивната партија,, Христијанската народна партија и либералната партија Левица (Венстре) освои 89 пратеници во норвешкиот Парламент, што брои 169-места.
ДПА јави дека норвешката владејачка коалиција истакна оти успехот што го постигнале е резултат на нивната работа како сплотена екипа.
- Добивме поддршка за уште четири години, бидејќи го направивме она што го ветивме, нагласи Сулберг во Осло, заблагодарувајќи се на членовите на нејзината партија.
Сулберг е првиот премиер од редовите на конзервативците што е реизбран на функцијата од 1985 година, што се оценува како доказ за нејзината популарност.
Лидерот на опозициската Лабуриситчка партија, Јонас Гар Сторе го призна поразот и и посака среќа на Сулберг.
Во текот на изминатите два дена жителите на Норвешка гласаа на парламентарните избори.
Според спроведените анкети во земјата, се учекуваше дека десно центристичката владејачка коалиција на премиерката Ерна Солберг и лево центристичкиот блок предводен од Јонас Гар Сторе имаат речиси еднакви шанси за победа.
Ново на Сител
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати
-
Европскиот фронт најави тужби до Управниот суд и кривични пријави за членовите на ДИК
-
Без средба, само консултации за идното владино коалицирање