Бизнис
17. November 2018 - 16:21

Владата уверува дека догодина ќе се достигне раст од 3.2 отсто

За стоки и услуги во буџетот за следната година предвидени се скоро 100 милиони евра повеќе од годинава. Владата по оваа ставка, во која главно влегуваат непродуктивните трошоци, предвидува 670 милиони евра. Во државната каса издвоени се уште 3,7 милиони евра за набавка на возила и 3,3 милиони евра за мебел.

Вицепремиерот за економски прашања, Анѓушев вели во ставката за стоки и услуги, парите главно ќе одат за консултантски услуги.

Мислам дека сите ние сме сведоци оти Владата имаше мали трошења. Што се однесува до потребите на министрите, сите вие ги видовте бројките. Како никогаш досега беше прикажано трошењето на сите министри и сите министерства.

Автомобили главно ќе се набавуваат за инспекциските служби.

За следната година предвиден е раст од 3,2 отсто, а Владата е сигурна оти оваа проекција ќе се реализира.

По слабите резултати на БДП во првиот квартал, остварениот раст од 3,2 проценти во вториот квартал, во третиот и во четвртиот квартал годинава, очекуваме добри бројки и сметаме дека БДП во 2019 година со сигурност ќе се реализира.Следната година ќе биде година на економијата, економскиот раст и подобар живот за граѓаните, изјави вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев.

За железничка инфраструктура предвидени се 3,4 милијарди денари. Овие пари се за пругата долж Коридорот 8, основно поврзувањето со Бугарија. Пругата кон Бугарија доцни, главно поради бројни експропријации и нерешени имотно-правни работи.

ќе се потпише анекс на договорот со цел да се диманизира процесот на активности којшто беше закочен во изминатиот период. Во најголем дел експропријациите се завршени така што очекуваме со потпишувањето на тој анекс комплетно тој дел во наредните 16 месеци да биде завршен. За втората делница од Бељаковце до Крива Паланка, имаме ретендерирање и очекуваме старт на работата и затоа е предвидена оволкава ставка. За оваа делница се обезбедени 145  милиони евра, од кои 70 милиони евра грант од Европската унија, а останатите заем. Очекуваме дека до 2021 година ќе биде готова и втората делница, изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Следната година ќе имаме историски највисок буџет. 3,7 милијарди евра се предвидени за расхди. Додека планираните приходи се 3,4 милијарди евра. Буџетот е за 300 милиони евра поголем од тој во 2018. година. Дефицитот ќе биде 2,5 отсто од БДП, а јавниот долг ќе се зголеми за 600 милиони евра.