Македонија
15. September 2016 - 20:46

Владата со заклучок за тетовската гимназија

Гимназијалците од македонските паралелки ќе чекаат Владата да донесе заклучок со кој ќе се дозволи одвивање настава во три смени во централниот објект на гимназијата па да ја почнат оваа учебна година. Ова беше договорено на денешната средба на родителите и наставниците со претставниците општината и министерствата. 
 
Гимназијалците ја бојкотираа наставата која се одвиваше во простории на други објекти, а како долготрајно решение останува доградба во кругот на гимназијата. 
 
Двесте и педесет ученици од македонска настава во тетовската гимназија се соочуваат со просторниот проблем.