Владата размислува дали да ги врати парите на граѓаните кои вадат нови документи иако им важат
Владина работна група составена од претставници на Министерствата за вантрешни работи, надворешни работи, правда, транспорт и врски во следните неколку дена ќе треба да најде решение за проблемот околу издавањето на лични документи со новото име обврска која треба граѓаните согласно Преспанскиот договор да ја завршат до 12 февруари. Во врска со обврските за промена на личните документи согласно договорот формирана е работна група за да се изнајде соодветно решение за надминување на проблемите информираат за Сител од Владата.
Прашањето било отворено на првата владина седница со која раководеше Талат Џафери, а како што потврдија двајцата клучни министри, шефот на дипломатијата Османи и техничкиот министер за внатрешни Тошковски во опција е и враќање на парите е што граѓаните ги дадоа за да извадат нови пасоши и лични карти пред да им истече нивната важност. Како што во разговор за Сител објасни Тошковски тој ќе го прифати секое решение за личните документи кое е во интерес на граѓаните, а тој во ресорното министерство работи на реорганизација за побрзо аплицирање и добивање на документите за да се намалат гужвите пред пунктовите на МВР.
Ново на Сител
-

Окупната цена на арпата во слободен пад
-

Преглед на вестите од светот
-

Трипуновски за Сител: 50 договори се стопирани по скандалот со директорот на Платежната агенција
-

Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
-

Почнаа меѓукоалициските консултации за смени во Владата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Познат доктор и поранешен градоначалник го одбил Филипче
-

Опозицијата ѝ понуди помош на Владата по корупцискиот скандал во Платежната агенција
-

Судењето за пожарот во Кочани почнува во среда, надлежните ветуваат ефикасност
