Македонија
5. August 2021 - 16:54

Владата прогласи 30 дена кризна состојба во обид да се стави контрола над пожарите

Владата прогласи кризна состојба во траење од 30 дена низ целата територија поради состојбата со пожарите . Од пресетдателот на државата е побарано да одлучи за учество на дел од Армијата со справување со огнената стихија.  Со прогласување на кризната состојба, Владата ке добие пристап кон поголем обем на ресурси како државни така и приватни, со цел да се справи со ситуацијата.Од Центарот за управување со кризи се бара план за надминување на опасностите и ризиците од пожарите, а од институциите да ги стават на располагање своите капацитети.

- Главниот штаб при Центарот за управување со кризи (ЦУК), веднаш да започне подготовка на акциски план за превенција и справување со пожарите, како и целосен преглед на расположливи човечки и материјално-технички ресурси и план за координирано дејствување.

Министерството за внатрешни работи, Армијата, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и Министерството за здравство, со сите останати засегнати државни институции, како и единиците на локалната самоуправа во Северна Македонија, да ги стават на располагање сите расположливи капацитети и ресурси кои можат да бидат во функција за справување со кризната состојба,

Кризната состојба може да таре најмногу триесет дена, а за нејзино продолжување одлучува Собранието.