Владата прифаќа меѓународна истрага за „Дива населба“
Владата е согласна да биде отворена меѓународна истрага за случајот „Дива населба“. Премиерот Зоран Заев вели дека е информирана меѓународната заедница и оти се бараат начини за спроведување на меѓународна истрага за неразјаснетите околности поврзани со настаните во кумановската „Дива населба“ на 9 и 10 мај 2015 година.
- Чекор што досега е направен е информирање на претставници на меѓународната заедница да размислат на варијанти како тоа би се извело. Ние не сакаме да има дилеми за неразјаснети работи кои се од интерес за граѓаните. Овој случај и тоа како е интерес на граѓаните. Верувам дека ќе ги најдеме начините со меѓународната зедница како да се оформи меѓународна истрага за овој случај, изјави Заев на денешната прес-конференција во Владата одговорајќи на новинарски прашања.
Кривичниот суд, како што веќе објави МИА, на 2 ноември пресуди осум доживотни и 26 долгогодишни затворски казни за обвинетите во случајот Дива населба, а четири лица беа ослободни од обвиненијата.
Ново на Сител
-
Илон Маск ја продаде својата компанија „Х“ на друга своја компанија
-
Претрес во Кочани, пронајдена кафеава прашкаста материја и марихуана
-
На скопските клиники остануваат 14 повредени пациенти од пожарот во Кочани, во странство останува 91 пациент
-
Почнува летното сметање на времето
-
Трамп: Ако не можеме да постигнеме договор, работите ќе станат непријатни за Иран
-
Бројот на жртвите во земјотресот во Мјанмар се искачи над илјада
-
Облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне
-
Обилни врнежи град го отежнаа сообраќајот на автопатот Скопје-Штип