Македонија
28. January 2025 - 16:38

Владата одлучи: 250 милони евра од унгарскиот кредит на располагање на стопанството

Унгарските пари на чекор до македонските фирми. Владата одлучи 250 милиони евра да им се стават на располагање на македонските компании.

Компаниите ќе имаат до 3 години грејс период и до 15 години рок на отплата а ќе бидат должни да учествуваат со 20% во инвестицијата. Максимално ќе може да задолжат 10 милиони евра. Кредитите до фирмите ќе ги распределуваат сите комерцијални банки во земјава кои ќе бидат задолжени и за нивното обезбедување. Од нив ќе зависи и кога првите пари ќе стигнат до стопанството.

Освен производствените компании, право на овие средства ќе имаат и компаниите кои инвестираат во производство на струја од обновливи извори. Од Владата објаснуваат дека го прошириле опсегот бидејќи без овие компании стопанството нема капацитет да ги апсорбира сите пари.

Премиерот очекува оваа кредитна линија да има значајно влијание врз стопанството

Унгарскиот кредит беше едно од ветувањата на Мицкоски во предизборната кампања. Владата се задолжи во Унгарија една милијарда евра со каматна стапка од 3,25%. Половина од овие пари отидоа за исплата на стара еврообврзница, а 250 милиони евра се пласираат во инфраструктурни проекти во општините.