Македонија
15. November 2018 - 16:24

Владата најави нова двегодишна стратегија против загадувањето - Макрадули смета дека за чист воздух не требаат многу пари

Актуелната стратегија за борба против загадувањето не дава резултати и затоа владата ќе прави нова двегодишна стратегија. Ќе се вика „План за чист воздух“ За неа заменик министерот Јани Макрадули вели за тоа не биле потребни многу пари

За како што вели Макрадули историската борба со загадувањето, Владата одвои 1,5 милиони евра за наредните 2 години, а целиот процес го постави како свој стратешки приоритет.

За споредба, исто толку пари Владата ќе одвои и за програмата за борба против ХИВ а со дел од нив ќе купува и лубриканти. Половина милион евра повеќе, Македонија потроши за реклами за референдумот, а за цвеќе пред државните институции владата објави тендер тежок 670.000 евра. Сепак, За нови мерни станици, Макрадули вели ќе треба да ја чекаме наредната година

Невладините реагираат дека владата погрешно ги поставува приоритетите. За нив, комоцијата на политичарите е поважна од здравјето на граѓаните . Макрадули тврди дека тоа се само шпекулации.

Во „планот за чист воздх“ владата предвидува дека за две години загадувањето на воздухот во Скопје ќе се намали за 50 отсто, во другите градови помеѓу 30 и 50 проценти. Греењето на јаглен и нафта ќе биде минато а мерки се предвидуваат и во транспортот и  градежништвото, а ќе се засилат и инспекциските надзори.

На стартот од грејната сезона и при поволни временски услпви, мерни станици кои се во функција,  покажуваат вредности кои според дозволениот праг се опасни по живот, а граѓаните дишат само тогаш кога ќе дувне ветер.