Владата на Зимбабве до американскиот амбасадор: Нека се обеси на дрво со банани
Владата на Зимбабве остро критикуваше американски дипломати кои се загрижени поради влошувањето на ситуацијата во врска со човековите права во државата.
Амбасадата на САД во Хараре издаде соопштение во кое се укажува на „континуирано влошување“ на човековите права во Зиммабве. Причина за загриженост во мисијата била апсењето на локален пастор кој е иницијатор на протестен марш на социјални мрежи.
Во одговор на тоа соопштение, портпарол на Кабинетот на претседателот на Зимбабве, Џорџ Чарамба го нарече амабсадорот на САД „остаток од ужасна ера“, повикувајќи се на конфликтните односи на администрацијата на поранешниот американски претседател Барак Обама и долгогодишниот лидер на Зимбабве, Робет Мугабе.
– Амбасадоротна САД мисли дека може да ни командува. Нека оди и нека се обеси за дрво со банани, објави весникот Хералд цитирајќи го Чарамба.
Ново на Сител
-
Неготинскиот градоначалник пријавил заканувачки пораки
-
Сообраќајка помеѓу четири возила на патот Скопје - Велес
-
Меџити нема информации дали бил прислушуван од АНБ
-
10-годишно дете нападнато од двајца соученици, едниот од нив снимал со телефон
-
Руте: Мир ќе обезбедиме преку сила
-
Кавадарчанец пронајден починат во викендичка, телото на обдукција
-
Прекумерната употреба на лекови за болка ја зголемува отпорноста кај бактериите кон лекови
-
Два пожара на отворено денеска, еден под контрола, другиот изгаснат