Владата на Рама подготвена за соработка со „Илинден“
Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана, експресно доби одговор на писмото упатено до албанскиот премиер Еди Рама, во кое се содржани неколку барања.
Во одговорот од Кабинетот на премиерот се наведува дека тој се запознал со деталите од писмото и оти Владата ќе понуди соработка со граѓанските здруженија и целни групи за решавање на проблемите.
Инаку, во писмото најпрво се наведува дека друштвото се грижи за правата на Македонците каде и да живеат во Албанија, како и зачувување на нивната традиција, обичаи и култура. Од „Илинден“ се задоволни од одговорот на премиерот.
- Меѓу другото бараме децата Македонци во областа Голо Брдо да може да се школуваат на мајчин македонски јазик, а не како сега на албански. Исто така бараме признавање на македонското малцинство на целата територија на земјата, а не само во ригионот на Мала Преспа. Го искажавме и нашето незадоволство од новата територијална поделба и побаравме областа Голо Брдо да биде една општина, што може да се реализира со измена на законот, вели Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото, новинар-уредник на весникот „Илинден“ и познат публицист.
Ново на Сител
-
Од 1 јули стапува забрана за движење во шумите
-
Обвинение за 54 годишник кој пијан ја тепал сопругата со чадор и ја давел
-
Во Јапонија погубен „Твитер убиецот“
-
САД тврдат дека постигнале договор за забрзување на испораките на ретки метали од Кина
-
Пред пратениците на 58. седница предлог-законите од Реформската агенда
-
Мерц е за „брз и едноставен“ трговски договор со САД, Макрон за „избалансиран“
-
Второ пријавување за упис во средните училишта на 30 јуни, слободни над 16 000 места
-
Стан изгоре во пожар во Делчево