Владата на Македонија ќе ја одржи 26-тата седница
Владата на Република Македонија, денеска, со почеток во 11:00 часот, ќе ја одржи редовната 26-та седница со повеќе точки на дневен ред од интерес на граѓаните и од својата програма за работа.
На денешната седница, на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање се неколку измени на закони меѓу кои и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита од бучава во животната средина и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за животна средина.
На седницата, меѓу другото, пред министрите ќе се најде и Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за задолжителна имунизација на населението во Република Македонија за 2020 година, како и Предлог-програма за изменување на Програмата за едукација на лекари и медицински персонал, поднесени од Министерството за здравство.
За заклучоците и одлуките од седницата, која ќе се одржи преку видео-конференциска интернет врска, јавноста ќе биде информирана преку соопштение.
Ново на Сител
-
Од понеделник благо опаѓање на температурите и краткотрајни поројни врнежи
-
Град Скопје: Немаме надлежност за дератизација или постапување во случаи со змии, други влекачи или глодари
-
Со над 20 тони вода дејствувано врз пожар во Кичевско
-
Загина 30 годишна Македонка во сообраќајна несреќа Солун, повредени уште три лица | ВИДЕО
-
Цистерна се извртела на автопатот Градско - Велес, сообраќајот пренасочен по стариот пат
-
Жител на Општина Студеничани му се заканувал на својот сосед со гасен пиштол и стрелал во воздух
-
Без струја Тирана и повеќе други градови во Албанија
-
Борел: Европа не е целосна без Западен Балкан