Владата на Либија издаде потерница по генерал Хафтар
Либиската Влада на национално единство издаде потерница по генерал Калифа Хафтар и шестмина негови офицери, обвинувајќи го дека наредил смртоносни воздушни напади врз цивилно население.
Пред две недели Хафтар и неговите сили презедоа офанзива Триполи, каде е седиштето на меѓународно признаената либиска Влада предводена од Фајез ел Сараџ.
Светска здравствена организација соопшти дека во ескалацијата на судирите убиени се 205 луѓе, а над 25.000 цивили се раселени.
По соборувањето на долгогодишниот лидер Муамер ел Гадафи во 2011 година Либија е нестабилна поради големиот број на вооружени групи кои се борат за власт и контрола над нафтените полиња.
Од летото 2014 година Либија е политички поделена на две влади – самопрогласената во источниот дел на земјата, со седиште во Тобрук што е под контрола на 75-годишниот Хафтар и меѓународно признаената Влада со седиште во Триполи со премиерот Сараџ.
Ново на Сител
-
Гаши ќе ги распише изборите петок или сабота, очекува фер и демократска атмосфера
-
МВР покрена постапка за националистичкото скандирање на Шкендија-Карабах
-
Папата Лав Четиринаесетти го критикуваше глобалниот систем за нуклеарно одвраќање
-
Поради тепачка во Чаир приведени четири лица, меѓу кои и малолетник - Ги нападнале и полициските службеници
-
Пукање на Бит Пазар - Скопјанец повреден од својот сосед поради недоразбирање во сообраќајот
-
11-годишно девојче прегазено во Скопје
-
Матарела: Употребата на нуклеарно оружје е злосторство против човештвото
-
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита