Владата на Јанша со најмала поддршка во анкетите од почетокот на манадатот
Поддршката за словенечката Влада, предводена од премиерот Јанез Јанша, падна на 27,5 проценти, што е најниско ниво од почетокот на нејзиниот мандат во март минатата година, покажува редовната месечна анкета спроведена за комерцијалната телевизија ПОП-ТВ, соопшти агенцијата Медијана.
Августовската анкета покажува дека 63,9 проценти од испитаниците изјавиле дека не ја поддржуваат актуелната влада, додека 8,6 проценти не одговориле.
Иако Словенечката демократска партија (СДС) на Јанша во моментов би освоила најмногу гласови на евентуални предвремени избори, нејзината поддршка опаѓа. Во моментов, 16,1 проценти од гласачите би гласале за СДС на Јанша, додека минатиот месец 18 проценти ја наведоа оваа партија како свој избор.
Демохристијанската Нова Словенија (НСИ), која е партнер на Јанша во владеачката коалиција, би добила 5,6 проценти од гласовите, што е повеќе од 4,2 проценти во анкетата во јули, а коалициската Партија на модерниот центар (СМС) само 0,5 проценти, со што би останала под прагот за влез во парламентот, покажуваат резултатите од анкетата.
Поддршката за опозициските Социјалдемократи (СД), главните политички ривали на Јанша, за еден месец опадна од 11,7 на 11,1 проценти, додека поддршката за партијата Левица (Л) се зголеми од осум на 8,8 проценти.
Листата Маријан Шарец (ЛМŠ), исто така, забележа пад на поддршката, при што пред еден месец за неа би гласале 7,9 проценти, а сега само 5,6 проценти.
Според анкетата на агенцијата Медијана, партијата на Аленка Братушек (САБ) е во пораст, а сега за неа би гласале 4,1 отсто.
Стагнира поддршката за Словенечката национална партија (СНС), која би добила 1,8 проценти, како и пред еден месец, додека 23,3 проценти од гласачите не се одлучуваат за кого ќе гласаат.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова: Да го чуваме споменот за Св. Кирил и Методиј и да градиме општество на знаење и меѓусебно почитување
-
Најмногу дожд во изминатото деноноќие во Маврови Анови
-
Мицкоски: Кирил и Методиј ни го оставија најголемиот подарок - писмото, словото, гласот на нашиот идентитет
-
Украина: Извршен еден од најголемите руски воздушни напади врз Киев
-
Грчката економија закрепнува, но покачувањата на цените и понатаму се еден од најголемите проблеми
-
Македонија го чествува Денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј
-
Во нападот со нож во Хамбург 17 повредени, од кои четворица се во животна опасност
-
Федерален судија ја суспендира одлуката на Трамп да му забрани на Харвард да прима странски студенти