Владата ќе расправа за Предлог законот за амнестија

Владата денеска ќе ја одржи 40. седница на која ќе разгледа прашања од повеќе области, а меѓу нив и Националната стратегија за борба против перење пари и финансирање на тероризам, која е на предлог на Министерството за финансии.
На седницата Агенцијата за катастар на недвижности ќе поднесе предлог тарифник за изменување и дополнување на тарифникот за висина на надоместокот за користење и увид на податоците од Геодетско-катастарскиот информационен систем, како и на други услуги на агенцијата.
Министрите ќе ја разгледаат и информација за преземените активности за склучување на меѓувладин договор за имплементација на FATCA режимот во Република Македонија и за позициите на САД во однос на потребата од склучување на договор со Република Македонија за усогласување на даноците по странски сметки (Foreign Account Tax Compliance Act -FATCA), кој има за цел да го спречи затајувањето на данокот од страна на американските даночни обврзници кои имаат сметки во странство.
На седницата ќе биде разгледана и информацијата во врска со активностите кои ги презема Република Македонија кон Бернската конвенција.
Министерството за правда на седницата ќе го презентира најновиот текст на Предлог-законот за амнестија по јавната расправа по предлогот, додека Министерството за информатичко општество и администрација ќе предложи измени и дополнувања на повеќе закони кои произлегуваат од измените и дополнувањата на Законот за јавна администрација. На предлог на Министерството за информатичко општество и администрација на дневен ред ќе биде и информацијата за потпишување Меморандум за соработка со Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска за реализација на проект за модернизација и трансформација на јавната администрација
На седницата ќе биде разгледан и Предлог-законот за ратификација на Договорот за основање на транспортна заедница, како и Предлог-законот за ратификација на Протоколот за изменување на Договорот од 13 јули 2006 година меѓу македонската Влада и Владата на Сојузна Република Германија за одбегнување на двојното оданочување во однос на даноци на доход и на имот.
Министрите ќе го разгледаат и извештајот за извршени преговори со усогласен текст на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за преземање на лица со незаконски престој и Протокол за спроведување на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за преземање на лица со незаконски престој.
На предлог на Министерството за образование и наука, на денешната седница на Владата ќе биде разгледана и информацијата за резултатите што ги постигнале учениците од Македонија во меѓународните програми за оценување (PISA и TIMSS) и реформите што произлегуваат од постигнатите резултати, како и информацијата за текот и прогресот на активностите во врска со проектот „Намалување на партиципацијата за 50% на студентите од самохрани и еднородителски семејства“.
Ново на Сител
-

Хемикалија за производство на детергенти ги побели Лепенец и Вардар
-

Два ер трактори го гасат пожарот во Желино
-

Тема на денот со професор Горан Начевски, претседател на Здружението на металурзи на Македонија
-

Само Филипче успеа да постави прашање, Села ја блокираше седницата
-

Гаши нема да оди на Илинден
-

Гостивар се уште без вода за пиење
-

На Инфективна расте бројот на критични пациенти со западно-нилска треска
-

Апелациониот суд – Скопје доби в.д претседател
