-->
-->
Владата ќе потпише Меморандум со Бугарија за спојување на ден-однапред пазарите на струја
-->
Нови деловни можности и прекугранична трговија за постигнување ефикасност, конкурентни цени и повисоки стандарди за услуги ќе се постигнат со Меморандумот што Министерството за економија на Република Македонија треба да го потпише со Министерството за енергетика на Република Бугарија во областа на енергетиката, за спојување на ден-однапред пазарите на електрична енергија.
Владиниот портпарол Миле Бошњаковски истакна дека информацијата за овој меморандум била разгледана и усвоена на вчерашната седница на Владата на РМ и неговото потпишување е овозможено со донесувањето на Законот за енергетика, и либерализацијата на пазарот на електрична енергија.
На ваков начин, рече, се зајакнуваат капацитетите на земјите што не произведуваат доволно електрична енергија, и тие се врзуваат со земји што имаат поголемо производство, во случајот со Република Бугарија.
Така, рече, ќе се добие квалитетна услуга и ќе се обезбеди цените да останат во постојните рамки.
Овој Меморандум, според Владата, е резултат и на поволната клима на пријателство и меѓусебна поддршка која произлегува од Договорот за пријателство и добрососедство меѓу Република Македонија и Република Бугарија
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Каселакис: Ја повикуваме новата власт во Северна Македонија да се вразуми
-
Пријавена кражба на документација и компјутерска опрема од канцеларијата на УВМК во Прилеп
-
Пендаровски ѝ ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова и ѝ посака успех на претседателската функција
-
Лога: Непочитувањето на уставното име на државата ја прави ништовна заклетвата на Сиљановска
-
Татко пријавил дека му било испратено видео материјал од физички напад на неговата ќерка
-
Фон дер Лајен: Патот на Северна Македонија кон ЕУ да продолжи со спроведување на реформите и почитување на Преспанскиот договор
-
Силјановска Давкова не кажа „Северна“ при заклетвата во Собрание
-
Силјановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски