Владата ќе ја промовира бескаматната кредитна линија „КОВИД 4“
Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи денеска во Владата ќе ја промовира бескаматната кредитна линија „КОВИД 4“.
На прес-конференцијата ќе присуствуваат и министерот за финансии Фатмир Бесими, како и директорот на Развојната банка на Република Македонија, Кире Наумов.
Бескаматната кредитна линија „КОВИД 4“, проектирана на 10 милиони евра, е дел од шестиот пакет антикризни мерки. Предвидува грантови до 15.000 евра за фирми од најпогодените сектори: туризам, угостителство, ивент индустрија, приватни здравствени установи, трговци поединци и занаетчии, доколку отворат нови рабтни места и ги зголемат приходите.
Во април годинава Владата ги задолжи Кабинетот на Битиќи и Министерството за финансии во соработка со Развојната банка да ги преземат неопходните чекори за операционализација на оваа мерка.
Ново на Сител
-
Пет лица во Гази Баба нападнале двајца браќа со остри, метални и дрвени предмети
-
Приведен 35-годишник, возел со 1,84 промили алкохол
-
До четврток облачно со повремен дожд, во петок стабилизирање на времето
-
Кавадарчанка физички нападнала своја сограѓанка на фудбалско игралиште
-
3-годишно дете изело гумена бонбона при што почнало да се гуши и изгубило свест
-
Приведен 21-годишен кумановец, возел со 1,52 промили алкохол во крвта
-
Хуманитарна изложба на кучиња во Белград, парите одат за семејствата на жртвите во пожарот во Кочани
-
Премиерот Мицкоски упати честитка по повод празникот Рамазан Бајрам