Владата ќе ја одржи втората редовна седница
Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи втората редовна седница, на која меѓу другото, ќе се разгледа и усвои Предлог – програмата за работа на Владата во 2020 година.
На денешната седница, како што информираат од владината прес-служба, ќе бидат разгледани и ќе бидат ставени на усвојување програмите за работа на повеќе јавни претпријатија, агенции и акционерски друштва во државна сопственост.
На предлог на Министерството за финансии денеска треба да биде разгледан и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска полиција, по скратена постапка, a Министерството за економија за оваа седница ги предлага точките Предлог – програма за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2020 година и Предлог – програма за развој на туризмот на Република Северна Македонија за 2020 година.
Владата на ќе ги разгледа и Годишната програма за финансирање на изработка на урбанистички планови, регулациски планови на генерални урбанистички планови, урбанистичко – планска документација и урбанистичко – проектна документација во Република Македонија за 2020 година.
На денешната седница Владата ќе се произнесе и по Предлог – националната годишна програма за јавно здравје во Република Северна Македонија за 2020 година, а на предлог на Министерството за информатичко општество и администрација ќе биде разгледана и информацијата за потребата од спроведување на функционална анализа во институциите од јавниот сектор.
Втората редовна седница на Владата е предвидена да започне во 12:00 часот, и со неа ќе претседава премиерот Оливер Спасовски.
Ново на Сител
-
Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија
-
Загина 52-годишно лице откако со мотоцикл удрил во паркирано возило
-
Турчин пронајден мртов во хотел на Бит Пазар
-
Неготинец тешко повреден при пад од мопед
-
Приведени кавадарчани за непочитување полициски наредби на фудбалски натпревар
-
Трамп: Путин и Зеленски ќе организираат состанок за прекин на огнот во Украина
-
Орбан: Светот е побезбедно место по самитот Трамп-Путин
-
Приведен кумановец, возел со 3,43 промили алкохол во крвта