Македонија
17. November 2017 - 16:30

Владата ќе ја одржи 39. седница

 Предлог-одлуката за прераспределба на средства меѓу буџетските корисници на централната власт и меѓу фондовите ќе биде разгледана на денешната 39. седница на Владата. 

На дневен ред е и Предлог-законот за изменување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, по скратена постапка.

На предлог на Министерството за здравство на седницата ќе биде разгледан Предлог-законот за изменување на Законот за здравственото осигурување.

Владата денеска ќе ја разгледа и Предлог-одлуката за дополнување на Одлуката за формирање работна група за изготвување и следење на имплементацијата на Планот за реализација на препораките на група високи експерти за системски прашања од владеење на правото во врска со следењето на комуникациите.