Владата ќе бара помош од Брисел за решавање на проблемот со бездомните кучиња
Премиерот Димитар Ковачевски при вчерашната посета на РЕК Битола, одговарајќи на новинарско прашање во врска со проблемот со кучињата-скитници, рече дека и покрај тоа што станува збор за ингеренција на локалните власти, Владата ќе бара помош од Брисел, преку ИПАРД програмите да се изгради стационар кој ќе биде дом за тие кучиња.
Ковачевски нагласи дека проблемот со бездомните кучиња е голем и оти секојдневно сме сведоци на напади врз граѓани.
Потенцирајќи дека тоа е исклучителна надлежност на општините, пртседателот на Владата посочи дека не станува збор за тоа дали градоначалниците имаат моќ или не, туку за тоа дали имаат фокус, посветеност и волја да се справат со проблемите.
– Јас разговарав со министерот за земјоделство, при следната посета на Брисел со соодветните сектори да разговараме за одредена соработка преку ИПАРД програмите, доколку може да се направи некој модел на одреден стационар којшто ќе може да биде некаков државен проек, иако не е ингеренција на државата, со цел да можеме да помогнеме на граѓаните и на општините во справувањето со овој проблем
Бидејќи се работи за навистина голем проблем, а гледам дека градоначалниците воопшто не се занимаваат со него, нагласи Ковачевски.
Ново на Сител
-
Превентивни активности за безбедно патување во летни услови
-
Мицкоски: Будно ја следиме состојбата со Иран и Израел, активиран е кризен штаб во МНРиНТ
-
Кац: Техеран ќе гори ако продолжат иранските напади врз Израел
-
Велешанец нападнал малолетничка и се заканувал на полицијата - моментално е во бегство
-
42-годишник од Виница возел со 2,99 промили во крвта, се превртел на патот
-
Убиени уште двајца виско рангирани ирански генерали
-
Неколку земји на Блискиот Исток повторно го отвораат водушниот простор за цивилен сообраќај
-
Тешко повреден скопјанец откако излетал од пат со возило