Владата ја усвои информацијата за извршување на буџетот во првиот квартал во 2021 година
Владата на денешната 62 седница, која се совпадна со 29-тата годишнина од усвојувањето на првиот буџет на независна Република Македонија во 1992 година, ја разгледа и усвои информацијата за извршување на буџетот во првиот квартал во 2021 година.
Споредено со првиот квартал од минатата година, кога пандемијата со коронавирусот се уште немаше влијание на економијата, вкупните остварени приходи во Буџетот изнесуваат 48.549 милијарди денари, што е повеќе за 4,4% од истиот период во 2021 година, односно за 5,4% повеќе од првиот квартал во 2019 година, соопшти владината служба за информирање.
Во овој раст учествуваат речиси сите видови даночни приходи и приходите од придонеси и сите бележат раст во првиот квартал споредено со истиот квартал во 2020 и 2019 година.
Реализацијата на капиталните расходи во Буџетот во првиот квартал на оваа година изнесува 16,5 отсто во однос на вкупните планирани капитални расходи за 2021 година, односно, споредено со истиот квартал во 2020 година, кога немаше економска криза заради пандемијата, бележи раст од 97,7 отсто.
Според информацијата на Министерството за финансии, во јануари 2021 година извозот на стоки пораснал за 15,4 отсто на годишна основа, со што со засилена динамика продолжија позитивните движења во овој сегмент. Увозот на стоки е со раст од 5,3 отсто и придонесе трговскиот дефицит во јануари да се намали за 29 отсто, а трговијата на мало во истиот период забележа раст од два отсто.
Во јануари просечната плата забележа годишен раст од 2,7 отсто, пред сѐ како резултат на зголемувањето на платите во здравството.
Согласно последните макроекономски и фискални движења се очекува во 2021 година да се врати економскиот раст и да ги надмине шоковите од пандемијата. Предвидувањата се дека со закрепнувањето на надворешната побарувачка, што силно влијае на нашиот извоз, како растот на домашната потрошувачка поддржан од антикризните економски мерки да бидат двигатели на економскиот раст, кој е проектиран на 4,1 отсто.
Позитивни трендови се утврдени и во кредитирањето на населението и стопанството. Во февруари вкупните кредити се зголемија за 4,4 отсто на годишна основа, во услови на раст за кредитите за домаќинствата за 7,1 отсто и за раст на кредитите кон компаниите од 1,4 отсто. Вкупниот депозитен потенцијал во февруари оствари годишен раст од 7,1 отсто.
Владата ја разгледа и ја усвои Информацијата за прераспределба на неискористените средства до пропишаниот лимит до 15 отсто од планираните капитални расходи од донесениот основен буџет со вклучени прераспределби кај буџетските корисници од централната власт во првиот квартал во 2021 година согласно Законот за извршување на буџетот на Република Македонија за 2021 година.
Прераспределбата на неискористените средства до пропишаниот лимит – остатокот до 15 отсто ја врши Министерство за финансии по службена должност на ставка 414-Резерви за капитални расходи во рамки на буџетот на буџетскиот корисник, без право на трошење.
Во случај кога буџетските корисници од централна власт ќе реализираат 40 отсто од капиталните расходи на ниво на потпрограма и ставка од донесениот основен буџет со вклучени прераспределби на средства заклучно со вториот квартал, средствата кои претходно биле прераспределени согласно член 4 од Законот за извршување на буџетот на Република Македонија за 2021 година, Министерство за финансии по службена должност ќе ги врати на соодветната потпрограма и ставка од каде што биле прераспределени, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
УКИМ не е меѓу најдобрите 2.000 универзитети според CWUR
-
Манасиевски: Судијата кој одлучувал за враќање на пасошот на Јахоски треба да се разреши
-
Раст на цените во Хрватска: Инфлацијата меѓу највисоките во еврозоната
-
Избоден малолетник во тепачка меѓу две групи ученици кај хотел „Карпош“
-
Без одобрение на државно земјиште почнал да гради шесткатница во Чаир, поведена истрага
-
Тошковски: Родителите на загинатите во Кочани имаат право да бараат, а инстиуциите се должни да дадат одговори
-
Пронајдено 14-годишното девојче кое беше пријавено за исчезнато
-
Тошковски за случувањата со Арсовска: Ова што го гледа македонската јавност е циркус пред локални избори, да беше во првата година ќе беше за поздрав