Македонија
20. April 2018 - 16:15

Владата ја проширува обврската за објавување на трошоците на околу 50 органи

Нови 50 државни институции ќе имаат обврски да ги пријавуваат трошоците, преку Алатката за транспарентност. Од Владата сопштија дека вториот прстен на проширување ќе ги опфати директорите и замениците директори на ЈП, самостојните органи на државната управа, правните лица со јавни овластувања, АД во државна споственост и органите во состав на министерствата.

ТОНСКО: РОБЕРТ ПОПОВСКИ (МИНИСТЕР ЗА КОМУНИКАЦИИ, ОТЧЕТНОСТ И ТРАНСПАРЕНТНОСТ)

Првиот извештај на Алатката за транспарентност се однесуваше на генерираните трошоци на Премиерот, министрите, замениците министри и државните секретари. Вториот извештај за овие државни институции ќе го опфати перидот од 1 декември минтата година, до 31 мај годинава.

Планот и стратегијата е оваа алатка да биде проширена и на локалната самоуправа, законодавната и судската власт, односно на сите оние носители на јавни функции, кои користат буџетски средства.