Владата и министерствата од утре со ново работно време
Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) соопшти дека почнувајќи од утре влегува во сила одлуката за утврдување распоред на работното време во Владата на Република Македонија, министерствата и другите органи на државната управа.
- Согласно одредбите од Одлуката, секој вработен во Владата на Република Македонија, министерствата и другите органи на државната управа има право да пристигне на работното место помеѓу 7:30 и 8:30 часот и да замине од работното место во периодот помеѓу 15:30 и 16:30 часот, така што има обврска за исполнување на 8 часа дневно работно време. Секој орган на државната управа треба да обезбеди систем за евиденција на работното време, со цел поефикасна контрола при влез и излез на вработените, наведуваат во соопштението од МИОА.
Во контекст на општите права на вработените во државната управа, како што се посочува, се подразбира и правото на вработените на работно време со распоред соодветен за ефективно и ефикасно исполнување на работните задачи, а во рамки утврдени со позитивните законски одредби.
Ново на Сител
-
МОН: Честит 5 Октомври – Светски ден на учителот
-
Над 20 интервенции ноќеска во поплавени куќи во Тетово
-
Тошковски: Да се фокусираме на професионалноста, а не на етничкиот предзнак
-
Фич: Курсот на денарот и банкарскиот сектор остануваат стабилни
-
Кривична пријава за криумчарење мигранти
-
Приведен крадец во тетовско
-
АХВ нареди нови мерки на ЈКП„ Комуналец“ од Струмица
-
Пронајдени над 50 килограми марихуана во Демирхисарско, приведено едно лице