Македонија
30. March 2022 - 16:41

Владата и историчарите не откриваат за што е постигнат напредок во историската комисија со Бугарија

Владата не сака да соопшти што договориле историчарите. Оттаму не негираат дека во мешовитата комисија има напредок во разговорите, но детали за кои спорни историски личности паднал договор - нема.

За кои историски личности и дали паднал договор, ќе биде соопштено в петок.

Што е договорено не соопштуваат ниту историчарите, кои утре и задутре во Скопје ќе ја одржат новата рунда разговори. Единствената информација дојде од копретседателот од македонска страна Ѓоргиев, кој рече дека работата во Комисијата сега се одвива во позитивна атмосфера.

На билатерален напредок во односите Скопје – Софија чека и ЕУ. Австриската министерка за Европа е уверена дека постои голема шанса Македонија за време на француското претседателство да ги почне преговорите.

Едштадлер посочи дека го разбира разочарувањето од Унијата во земјава, но дека по нејзината средба со Петков минатиот месец, кај неа владее голем оптимизам за решение до јуни.