Македонија
11. November 2024 - 16:35

Владата и банките во недела на преговори

Владата и банките во недела седнуваат на заедничка маса за да ги договорат условите за пласман на парите од унгарскиот кредит. Направија многу пари во последните години, време е да покажат одговорност рече премиерот кој не криеше дека не е задоволен од односот на банките.

Банките официјално молчат. Од нивната асоцијација велат дека не сакаат да коментираат пред да се сретнат со Владата. Неофицијално, кружат информации дека банките сакаат да наплатат над 3% трошоци со што каматната стапка од 3,25 би дошла на некои 6,5%. Не се задоволни и со рокот за враќање од 15 години. 

Од друга страна, Владата е подготвена да влијае на намалување на задолжителните резерви кои банките се должни да ги чуваат во централната банка. 

И додека Владата и банките преговараат, бизнисот чека пари. Првиот човек на стопанската комора рече дека ги разбира и Владата и банките но и дека очекува разбирање за бизнис секторот кој има потреба од свежи пари.

Владата планира 250 милиони евра од кредитот да им го подели на домашните компании под исти услови по кој го зема од Унгарија. 3,25% камата и 15 години рок на отплата.

Дополнителните трошоци ќе се договараат на средбата во недела.