Владата го усвои законот за употреба на јазиците

Владата на Република Македонија на синоќешната 20 седница го усвои текстот на законот за употреба на јазиците.
По овој повод, како што соопшти владината прес-служба, премиерот Зоран Заев и заменик-претседателот на Владата задолжен за спроведување на Рамковниот договор и политички систем Хазби Лика денеска во Охрид ќе дадат изјави за медиумите.
Според Владата, откако законот ќе биде усвоен во Собранието на Република Македонија, Министерството за правда, преку Министерството за надворешни работи, ќе го достави текстот, но и отворените прашања кои не се дел од него, до Венецијанската комисија, и ќе побара мислење за пакетот законски решенија.
Законот за употреба на јазиците, се наведува во владиното соопштение, произлегува од усогласувањето на националната програма за усвојување на правото на Европската унија.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Никола Мемов, директор на ПИОМ
-

Последици од поплавите во о.Чешиново-Облешево
-

Дали снегот и годинава ќе ги изненади институциите?
-

СДСМ: Фирма со 2 вработени добила 9 милиони евра државни тендери за 6 месеци
-

ВМРО ДПМНЕ обвинува за криминал
-

Илир Демири од алијансата на Села ќе делува како независен пратеник
-

Пензионерите поделени околу протестот пред Уставниот суд
