Владата го презентираше финалниот план за економски раст
Вкупно 50 милиони евра ќе одвои државата следната година за економски развој. Дополнително за активни мерки за вработување се обезбедени 16 милиони.
Ова го предвидува новиот план за економски раст на Владата. Премиерот Заев ги повика инвеститорите да се охрабрат и да ги реализираат бизнис плановите.
Со предвидените мерки државата еднакво ќе ги поддржи домашните и странските фирми и ќе врши поврат на инвестициите и до 30 отсто.
Вицепремиерот Анѓушев уверува дека сите забелешки и предлози од експертите и бизнисмените се вградени во економскиот план. Очекува дека програмата ќе биде посебно атрактивна за македонските иселеници во дијаспората.
За мерките во програмата можат да аплицираат само компаниите кои имаат добри резултати во работењето. Односно фирмата во последната година мора да има приход поголем од просекот во последните 3 години, и да нема намалување на бројот на вработени за истиот период.
-
Александра Десподовска
Сите содржини од овој новинар