Владата го осуди нападот врз новинарите, бара итна реакција од институциите за откривање и казнување на сторителите
Владата денеска преку соопштение најостро го осуди нападот врз новинарите што минатата ноќ се случил во Скопје, и овие инциденти ги оцени како неприфатливи и недозволиви.
-Поаѓајќи од својот деклариран став за нула толеранција за какви било напади, закани, уцени или притисоци, Владата на Северна Македонија укажува дека секој напад врз медиумските претставници, физички или вербален, треба да биде најостро осуден и санкциониран, и во таа насока ги повикува институциите итно да ги преземат сите неопходни мерки да се откријат и казнат сторителите, се наведува во соопштението.
Воедно, од Владата апелираат надлежните институции како и граѓанскиот сектор, да алармираат и постапуваат за секој напад или закана против медиумските работници.
-Во оваа прилика, покрај она што го прави Владата во врска со обезбедувањето на демократските услови за почитување на слободите, уште еднаш апелираме и сите останати засегнати, обвинителството и судовите, како и организациите од граѓанскиот сектор, да алармираат и постапуваат за секој напад или закана против медиумските работници. Владата на Северна Македонија, како и досега, ќе се залага сите регистрирани попречувања на работата и напади врз новинарите и медиумските работници да бидат институционално расчистени, стои во соопштението.
Како што соопшти МВР, новинарите Љупчо Цветановски и Дејан Андоновиќ ноќеска биле нападнати од група лица на возраст од околу 20 години во близина на угостителски објек на ул. „Есперанто“ во Скопје.
Ново на Сител
-
Поставен штанд на партија во Шуто Оризари, расфрлани летоци во Чаир, агитирање...
-
ОДИХР со над 300 набљудувачи на гласачките места низ земјава, заклучоците ќе ги соопшти утре
-
До 11 часот во Прилеп гласале 18,09 за претседателските, 18,19 за парламентарни
-
Излезност до 11 часот во Тетово, 7,04 отсто за претседателски, за парламентарни 10,81
-
Кавадарци со 16,10 отсто излезност до 11 часот
-
Прегазена жена на регионалниот пат Струмица - Валандово
-
Излезноста до 11 часот за претседателски избори е 12,87% , за парламентарни 13,69
-
На ГП Ќафасан спречен шверц на 53,3 килограми марихуана, чија крајна дестинација била Македонија