Владата е транспарентна за сите податоци кои се во интерес на јавноста, тврди Заев
Премиерот Зоран Заев изјави дека денеска од владиниот портпарол ќе бидат соопштени сите детали за сите лица кои биле ангажирани хонорарно од Владата и кои се причините за ваквите ангажмани, и оти Владата е транспарентна за сите податоци кои се во интерес на јавноста.
-Владата е како кабинет, асистент на сите други ресори. Многу често ни требаат хонорарни ангажмани, од осветлување, до озвучување, до подготовка на прес-конференции, до соопштување на важни работи за јавноста за граѓаните, токму преку вас медиумите, за одредени други времени активности, за кои што немаат никаква потреба трајна да бидат згрижени, а се нафатиле граѓани од својата професија да бидат ангажирани во делот на Владата, истакна Заев.
Тој напомена дека денеска ке бидат соопштени сите детали оние кои биле хонорарно ангажирани од вакви причини.
-Не знам зошто уште во петокот не го објавиле. Веројатно заради тоа што и кај нас во Владата имаме луѓе позитивни на ковид, дел се во самоизолација, дел се сеуште во делот на мерките на администрацијата на ротирање, па објавиле во петокот дека денеска во понеделник, ќе ги објават. Но како што знаете, сите советници се знаат во мојот кабинет, се знаат транспарентно сите податоци, посебно кои сте ги барале вие новинарите, а се во интерес на граѓаните. Никој пат не сме криеле и ова ќе го објавиме во сите детали, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање по средбата со лидерите од албанската опозиција Зијадин Села и Африм Гаши.
Ново на Сител
-
И нанел набиеници со крвни подливи и се заканувал дека ќе ја убие, обвинение за таткото што ја тепаше 4-годишната ќерка
-
Бела куќа: Иран не го преместил збогатениот ураниум пред нападот
-
ИЈЗ со препораки за заштита на повозрасните од топлото време
-
Бројот на умрени од насилна смрт лани зголемен за 24 проценти, над две третини се мажи
-
Средба Славески - Рокас: Ценовната стабилност останува приоритет на централната банка
-
Џака нема дозвола од Баер Леверкузен за трансфер во Милан
-
Лалана ја заврши кариерата
-
Карлос Саинц ја повлече кандидатурата за претседател на ФИА