Македонија
28. July 2017 - 21:28

Владата донесе одлука за итно решавање на проблемот со струшката депонија

Владата на Република Македонија на денешната седница донела одлука за итно решавање на проблемот со депонијата во Струга.

Како што соопшти попладнево владината прес-служба, Министерството за финансии и Генералниот секретаријат на Владата се задолжени да обезбедат финансиски средства со кои ќе се обезбедат услови за безбеден и економичен транспорт на сметот од струшката депонија до други безбедни депонии во Република Македонија.

- Во однос на оваа точка од дневниот ред беше истакнато дека во тек е ангажман на лица за обезбедување и надзор кои ќе ја надгледуваат целата локација, за да превенираат и спречат можни идни проблеми, соопшти службата за информирање на Владата.