Владата денеска треба да прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор

Владата, според најавите, денеска на седница треба да прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор за да се вбризгаат буџетски средства директно во енергетските компании.
Министерот за економија Крешник Бектеши најави дека ќе и се предложи на Владата да прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор, како и дека има средства за да се интервенира, а во зависност од тоа колкави се потребите на енергетските компании, толку средства ќе бидат пренасочени директно од Буџетот.
– Моментално не се предвидени рестриктивни мерки, но ќе се прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор со единствена цел да може да се вбризгаат буџетски средства директно во енергетските компании во земјата, вклучувајќи ги и ЕСМ и МЕПСО за да се зголеми нивната ликвидност, за да може да се интервенира во увозот на струја, изјави неодамна Бектеши.
Во Буџетот, како што кажа, моментно има 100 милиони евра на располагање кои не се искористени од фондот за справување со ковид пандемијата.
Владата на 30 октомври донесе Уредба за прогласување кризна состојба при недостиг на електрична енергија, а како што објаснија тогаш од Министерството за економија таа е донесена со цел нејзино усогласување со одредбите на Законот за енергетика. – Претходната Уредба беше донесена во 2012 година и во неа не беа усогласени новите одредби за пазарите на електрична енергија. Континуирано ја следиме состојбата во електроенергетскиот сектор, во моментов има доволно количество на електрична енергија, до крајот на годината нема да има зголемување на цената на струјата за домаќинствата, потенцираа од Министерството за економија.
Во опфатот на оваа Уредба, како што информираа од ресорното Министерство, се определени и правата и обврските на учесниците на пазарот во услови на кризна состојба и се вклучени сите учесници на пазарот, а не како претходно само државните енергетски компании.
Прогласување кризна состојба во енергетскиот сектор неодамна побара и бизнис заедницата.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Планинска спасителна служба на Водно и во Кањон Матка - безбедноста на граѓаните е наша обврска
-

Носкова: Ова никогаш нема да го заборавам
-

СП 2026: Аргентинците веруваат во одбрана на титулата
-

СП 2026: Норвешка сега ја има на фудбалската карта
-

Русија тврди дека украинската армија погодила танкер во Црно Море
-

ДЗС: Артилериска граната тешка 13,6 кг отстранета од плажа на Дојранското Езеро | ФОТО
-

Почина американскиот сенатор Линдзи Греам
-

Во координирана акција на ЦУК и МВР, кај Матка успешно пронајден изгубен романски државјанин
