Македонија
4. August 2015 - 16:31

Владата денеска свика итна седница по повод последиците од поплавите

Специјална владина комисија ќе ја проценува штета по силното невреме кое вчера го зафати Тетово. Владата на специјална седница денеска усвои серија мерки кои треба да помогнат на граѓаните по вчерашната катастрофа во тетовскиот регион

Пешевски информираше дека на терен веќе е испратена потребната количина на вода за пиење храна и останати неопходни средства за граѓаните од погодените региони. Ангажирана е и агенцијата за управување со конфискуван имот, па дел од конфискуваната стока ќе им се подели на граѓаните. Покрај ова, Владата ќе отвори и посебна сметка за донации.
Во санирањето на штетите веќе активно се вклучија и еднииите на локлните самоуправи.

На терен се три противпожарни возила на Град Скопје, две цистерни за извлекување вода како и седум цистерни за носење вода на Водовод и канализација и скопскоит комуналец како и неколку пумпи.

Заедно со механизацијата, во Тетово се упатија и 70 лица од скопската противпожарна служба како и од останатите јавни претпијатија во Град Скопје и Штабот за заштита и спасување.

Градоначлничката на Тетово денеска изрази благодарност за пристигнатата помош од владата и останатите општини.

Од утрово на терен е и македонската армија. Министерот Јолевски за Сител вели дека дејствуваат 80 војници поделени во две смени заедно со куче кое трага по урнатините за пронаоѓање на исчезнатото девојче.
Јолевски вели дека работата оди тешко бидејќи исловите се лоши, а како што ја вадат калта, така водата носи нова.

На терен се и полициски екипи кои исто така пребаруваат со кучиња трагачи. Во Тетово вчера беше и министерот за внатрешни работи

Во најпогодените региони од утрово се и екипи на ЕВН Македонија кои ги санираат штетите на електричната мрежи и ја враќаат струјата во населените места кои беа најпогодени.