Владата бара начини да се одземат ингеренциите на неколку јавни претпријатија во Град Скопје
По бројните реакции на жителите и туристите, за многу лошата хигиена во Скопје и алармантната состојба со градскиот превоз, Владата ќе бара начини како да се одезмат ингеренциите на дел од скопските јавни претпријатија за да се исчисти метрополата и да има доволно автобуси. Премиерот Мицкоски ги повика вработените да си ги извршуваат работните задачи, во спротивно на следната Владина седница идната недела ќе се отвори ова прашање и ќе се бара решение.
Во меѓувреме Владата преку министерството за Финансии исплати рата за набавените градски автобуси бидејќи Градот Скопје не плаќал.
За лошата хигиена во Скопје и неискосениот кеј на Вардар реагираа и од ЛДП. Изразувајќи загриженост прашуваат дали Скопје има градоначалник?
Според информаци објавени во повеќе медиуми, неколку директори на скопски јавни претпијатија самите поднеле оставки поради лошата соработка со Арсовка, која пак во досегашниот мандат за три години смени над 25 директори.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар