Влада: Усвоен закон со кој се исполнуваат барањата на поранешните и сегашните вработени на „Еурокомпозит“
Владата го усвои и до Собранието го достави Предлог законот за претворање на побарувањето на Република Северна Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во Друштво за производство на производи со посебна намена „11 Октомври – Еурокомпозит АД“ Прилеп, со што се исполнуваат барањата на поранешните и сегашните вработени на ова претпријатие во државна сопственост, информира денеска владината прес-служба.
Од Владата потенцираат дека практично ќе бидат надоместени заостанатите долгови по однос на придонес за пензиско и инвалидско осигурување на вработените, со што, како што велат, се исправа повеќегодишната неправда кон вработените и ќе им биде евидентиран остварениот работен стаж во компанијата за да можат соодветно сите сегашни и поранешни вработени да го остварат правото на пензија согласно минатиот труд.
– Со овој закон се уредува начинот и постапката за претворање на побарувањата на Република Северна Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во Друштво за производство на производи со посебна намена „11 Октомври – Еурокомпозит АД“ Прилеп, се додава во соопштението.
Законот е доставен до Собранието на Република Северна Македонија и во согласност со агендата на Собранието, од Владата очекуваат да биде усвоен во што е можно покус временски рок.
Ново на Сител
-
Тошковски: 24 години ЕБР- врвна професионална единица која секогаш и секаде ја чува Македонија
-
Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“
-
Емине Ердоган ја повика Меланија Трамп да изрази сочувство и за децата во Појасот Газа
-
Најмалку 25 луѓе загинаа при израелските напади врз Појасот Газа
-
Македонските кошаркарки поразени од Бугарија на кадетското ЕП
-
Министерството за правда на САД објави сведоштва на партнерката на Епстајн, но не и списокот на клиенти
-
Популацијата во Грција се намалила за околу 500 илјади лица во периодот 2011-2024 година
-
Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите