Влада: Сите почнати постапки за избор на раководен орган на универзитетите се ставаат во мирување

На вчерашната седница на Владата е допрецизиран членот 5 од Уредбата за законот за високо образование, со кој сите почнати постапки за избор на раководен орган пред стапувањето во сила на оваа уредба, се ставаат во мирување.
– На оваа седница на Владата направено е и допрецизирање во членот 5 од Уредбата за законот за високо образование, кој предвидува дека на органите на универзитетите на кои мандатот им истекува за време на вонредната состојба, постапките за избор ќе ги започнат, односно продолжат во рок од 30 дена од завршување на вонредната состојба. Со ова дополнување се регулира дека сите почнати постапки за избор на раководен орган пред стапување во сила на оваа уредба ќе се стават во мирување. Дејствијата кои се преземени претходно се сметаат за важечки, а останатите дејствија ќе продолжат по завршување на вонредната состојба и по престанок на ограничувањата предвидени со закон, појаснуваат од Владата.
Владината прес- служба информира дека на вчерашната седница донесена е и одлука за бројот на студенти кои треба да се запишат во прва година на јавните високообразовни установи, како и одлука за дополнителни квоти за запишување студенти припадници на заедниците кои не се мнозинство.
Ново на Сител
-

Кривични за родители од Желино за запуштање на нивното дете
-

18-годишна девојка лажно пријавила дека со нож повредила непознато лице
-

37-годишен скопјанец приведен за измама од над 7.000 евра
-

Водата во Гостивар е безбедна за пиење, соопшти Ангелов
-

УХМР со предупредување за можно невреме во голем дел од земјата
-

СЗО: Повеќе од четири напади дневно врз здравствени установи во конфликтни зони во 2026 година
-

Следува период потопло време, со максимални 39 степени
-

Годишните приходи на ОпенАИ би можеле да надминат 40 милијарди долари
