Влада: Силно сме спротивставени на корупцијата и постапуваме по меѓународните извештаи
Владата на Македонија со исклучително внимание ги разгледува сите наоди и аспекти од извештајот на Стејт департментот на САД, после што забелешките ќе бидат адресирани до засегнатите чинители со цел уште повеќе да ги зајакнеме антикорупциските политики и да ја подобриме инвестициската клима во земјава.
-Владата е одлучна и сериозно посветена на решавање на наталожените и децениски проблеми, а справувањето со високата корупција и организиран криминал е на врвот на приоритетните национални реформи кои веќе испорачуваат резултати. Прочистувањето на правосудството, постојаното зголемување на транспарентноста на институциите, новата стратегија за конфискација на имот, дигитализацијата на институциите со која се отстранува човечкиот фактор при носењето одлуки и унапредувањето на системот за јавни набавки се неповратни процеси кои претставуваат препрека и закана за секој поранешен, актуелен и иден функционер кога е во прашање корупцијата, се наведува во соопштението од владината прес-служба.
Дека ваквите процеси даваат веќе видливи резултати, како што е наведено во соопштението, говорат и расчистените судски процеси низ кои повеќе високи политичари се осудени за сериозни кривични дела, а десетици се во напредни судски постапки и се очекува конечен исход од страна на судовите.
Ново на Сител
-
Чешкиот „Блек хок“ се очекува да полета кон планината Готен, пристигнаа и словенечките пожарникари
-
Македонци во Тајван, сведочат за предупредувањето и опасноста од цунами по земјотресот на Камчатка
-
Кривична за управител за одгледување на канабис за медицински цели, одземени еден килограм и 260 грама марихуана
-
Економско-социјалниот совет треба да одржи седница, се очекува да се разговара за инфлацијата и порастот на платите
-
Уапсен поранешниот НБА кошаркар Морис, обвинет е за измама
-
Без вода неколку улици во Скопје
-
Почнува изградбата на „Меморијален парк за жртвите од пожарот во модуларната болница - Тетово“
-
Тројца украински војници загинаа, а 18 се ранети во руски напад врз единица за обука