Влада: Просечната нето плата во октомври изнесувала 27.899 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2020 година изнесува 27.899 денари и е повисока за 8,4% во однос на истиот месец лани, поточно за 2.173 денари. Дополнително, споредено со месец септември истата е повисока за 1,8%, или за 494 денари, објави денеска Државниот завод за статистика.
Целта, како што велат од Владата, е креирање на предвидлив деловен амбиент, стабилен раст, достоинствени плати, нови работни места и намалување на невработеноста.
- Во консултација со сите релевантни чинители во општеството, синдикати, комори, организации на работодавачи, креираме амбиент за раст на просечната и на минимална плата во следните четири години. Владата е посветена на реализација на стапките на економски раст од 4-5 отсто и покачување на платите за 20 до 30 проценти односно до 34 илјади денари во следните четири години со цел подобрување на стандардот на граѓаните и економијата во земјата, се вели во денешното соопштение од Владата.
Согласно Државниот завод за статистика, зголемувањето на просечната нето плата, се должи, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите здравствената и социјалната заштита, потоа уметност, забава и рекреација и преработувачка индустрија.
Согласно податоците на ДЗС, просечната бруто-плата, е за 9 проценти повисока од октомври минатата година, а за 2 проценти повисока од септември годинава. Просечната бруто плата изнесува 40.344 денари
Ново на Сител
-
Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија
-
Загина 52-годишно лице откако со мотоцикл удрил во паркирано возило
-
Турчин пронајден мртов во хотел на Бит Пазар
-
Неготинец тешко повреден при пад од мопед
-
Приведени кавадарчани за непочитување полициски наредби на фудбалски натпревар
-
Трамп: Путин и Зеленски ќе организираат состанок за прекин на огнот во Украина
-
Орбан: Светот е побезбедно место по самитот Трамп-Путин
-
Приведен кумановец, возел со 3,43 промили алкохол во крвта